Во периодот кога празничната магија станува јазик на домот, а секој детаљ има своја приказна, ELENA LUKA HOME во партнерство Fashionel ја отвораат сезоната со награден предизвик кој го крева домашното уредување на сосема ново ниво. Ова не е натпревар за најдобра празнична трпеза – туку натпревар за најубавата визуелна композиција, за маса која не се поставува за јадење, туку за аплауз.
Со почетокот на наградната игра „ НАЈДЕКОРАТИВНА МАСА 2025“, љубителите на естетиката, дизајнот и празничните декори добиваат можност да создадат сопствено ремек-дело на стилот. Без чинии полни со јадење, без сервирани оброци – туку трпеза осмислена како стилска сцена: празнична, модерна, минималистичка, романтична или високо гламурозна.
Секоја маса станува приказна. Секоја декорација – кадар. А секоја фотографија – ваш потпис во големата празнична галерија на инспирации, која ќе се креира преку платформата на Fashionel.
Професионално жири ќе ги препознае најкреативните решенија и ќе ги награди идеите што навистина блескаат.
Вашите фотографии треба да ги испратите на nagradi@fashionel.mk најдоцна до 26 декември, 2025 година.
Fashionel и ELENA LUKA HOME доделуваат богати награди:
1.000 евра
Ексклузивен фустан – Елена Лука
Луксузен сет тањири – Елена Лука Хоум
„Постави ја масата. Создај ја магијата.“
View this post on Instagram
Еве неколку наши примери за да ви дадеме дополнителна идеја. Слободно креирајте и испраќајте ни ги вашите визии:















