Луиза Џејкобсон, најмладата ќерка на легендарната Мерил Стрип, очигледно не се потпира само на славното презиме на мајка си. Оваа млада жена, 34, гради сопствен идентитет, тивко, но сигурно, некаде помеѓу актерството и високата мода.
Луиза, позната по улогата во серијата The Gilded Age, дебитираше на пистата во рамки на Модната недела во Њујорк и тоа за авангардниот бренд Екхаус Лата, којшто е познат по неконвенционален кастинг и уметнички пристап кон модата.
За оваа посебна прилика, таа носеше интелигентен „preppy-chic“ стајлинг – кошула со риги комбинирана со карирано мини здолниште, сандали со ремчиња и чанта од превртена кожа.
Настапот на Луиза беше смирен и ненаметлив, што совршено се вклопува во визијата на дизајнерите Мајк Екхаус и Зои Лата, кои ја водат модната куќа.
Нивните ревии често ги бришат границите меѓу мода, уметност и перформанс, а изборот на Џејкобсон, актерка со диплома од Јејл, одлично се вклопи во концептот на интелигентна, реална и харизматична жена.
Ова не е изненадување за оние што внимателно ја следат.
Луиза веќе неколку сезони е редовно лице во првите редови на ревиите на брендови како Келвин Клајн каде гради имиџ на жена со префинет вкус, чисти линии, неутрални тонови и тивка софистицираност.
Преминот од публика на писта изгледа како природна еволуција за неа. Модните критичари веќе ја опишуваат како „ново лице со автентична елеганција“, а индустријата ја препознава не само како актерка, туку и како потенцијална модна муза.
Фото:Acielle/World Style