Накит со крст: Смел моден израз на ѕвездите во 2024

Накитот со крст во 2024 година ги освои ѕвездите и љубителите на трендовите. На доделувањето на MTV Video Music Awards 2024, поп-ѕвездите Чапел Роан и Камила Кабело се одлучија токму за овој смел моден израз.

Чапел Роан

Роан зрачеше со средновековна величественост во проѕирен фустан, украсен со сребрен крст – завршен детаљ што нејзиниот стилист, Џенесис Веб, го опиша како „финалниот допир на светот што се обидувавме да го создадеме.“

Камила Кабело

Во меѓувреме, Кабело, со својот готски стајлинг и слоевити крстови од Лори Родкин, креиеаше драматичен изглед кој беше еден од најкоментираните по настанот.

Дуа Липа

Овие ѕвезди се придружуваат на редицата обожаватели на крстови како Дуа Липа и Били Ајлиш, кои го вклучуваат овој симбол во своите препознатливи стајлинзи.

Експертот за модни трендови, Дејна Ајсом Џонсон, истакна дека откако ѕвездите со задоволство ги носеа, побарувањата за ѓердани со крст драматично се зголемија. Таа објасни дека пребарувани се бисерни, златни, сребрени, дури и дрвени дизајни на накит со крстови.

Ријана

Трендот нè враќа во ерата на Like a Prayer на Мадона и модната сцена од ‘80-тите и ‘90-тите, каде што дизајнерите како Долче и Габана и Вивиен Вествуд даваа фокус на иконографијата.

Мадона

Без разлика дали е винтиџ или модерен, голем или суптилен, накитот со крст продолжува да привлекува внимание – претворајќи се во безвременски и смел додаток за секоја гардероба.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian