Наоми Вотс во „кул“ чевли кои ѕвездите ги обожуваат

Актерката Наоми Вотс докажа дека удобноста и стилот можат да одат рака под рака. Таа е последната во низата ѕвезди која се појави во класични и софистицирани мокасини, чевли кои станаа задолжителен дел од гардеробата на секоја модерна жена.

Познатата актерка беше забележана на улиците на Њујорк во елегантна, но лежерна комбинација. Носеше раскошна свилена ролка во комбинација со структуриран, средно долг блејзер со нагласени раменици – совршен преоден слој за непредвидливото пролетно време. Изгледот го надополни со кожени панталони и, секако, мокасини со впечатлив метален детаљ.

Мокасините се симбол на удобност и практичност, но и на моден израз кој сѐ повеќе доминира во Холивуд. Моделот што го носеше Вотс е во светло кафеава нијанса, со тенок дрвен ѓон, квадратен врв и впечатлив детаљ кој им дава модерен шмек.

Зошто мокасините се совршени за оваа сезона?- Освен што се неверојатно удобни, тие нудат сигурност со затворениот преден дел и стабилен ѓон, често со додатна перница за поголема поддршка.

Секој што ја искусил пролетта во Њујорк знае дека ова е период кога 10.000 чекори дневно не се исклучок, туку правило, а мокасините се идеалниот придружник за тоа.

Без разлика дали ги комбинирате со формална облека или лежерни парчиња, мокасините се одличен избор за пролетната сезона.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian