Нашиот топ модел Елена Реи која веќе подолго време престојува во Азија неодамна изработи кампања за накит на познатиот бренд Фелин од Сингапур.
Оваа уникатна колекција на накит која вклучува различни модни додатоци ќе биде пласирана за претстојната модна сезона. Со нејзината кариера која трае повеќе од петнаесет години Реи ќе биде запаметена како една од ретките Македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси . Оваа наша убавица која поседува моќна трансформација е вистински пример за врвен професионален модел .
„После Токио и Сингапур Елена Реи патува за Шангај каде работи кампања за нова колекција на светски познат дизајнер . А нам како нејзина матична агенција ни преостанува да и бидеме вечна поддршка бидејќи не претставува низ светот во вистинско модно светло.“- велат од Моделс ИН Менаџмент .
Реи кариерата ја започна сега веќе во далечната 2009 година, а само две години подоцна работеше ревии во Милано за светскиот бренд Blumarine. Покрај кампањи, фотосесии и ревии во Македонија, Елена се појави и на модните недели во Париз, Милано, Њујорк, Берлин, во кампањи за Massimo Dutti, Cerruti, Diane von Furstenberg, Chopard, El Corte Inglés, Galeries Lafayette, Sephora и во едиторијали за Harper’s Bazaar, Ell и други познати модни списанија.