Се загрева атмосферата пред главната оскаровската вечер, а доказ за тоа беше и Nominees Dinner или вечерата за номинираните, којашто се одржа вчера во Лос Анџелес.
На овој настан учествуваат оние кои се претенденти за претстојните оскари, а годинава поголем број од нив се за прв пат номинирани.
Уште една ноќ за паметење и уште еден црвен тепих со одлични модни решенија, каде главна тема беа винтиџ елементите.
Помеѓу најдобро облечените се најдоа Аријана Гранде, која носеше фустан од Сан Лоран, Синтија Ериво во креација од Живанши, Деми Мур во костум од Нина Ричи, како и Тимоти Шаламе кој реши да се појави во малку поелегантно издание.
Погледнете ја галеријата во продолжение.
Фото: Getty