Кај многу луѓе постои страв дека со одбивањето ќе изгледаат непријатни, себични или дека ќе ги повредат другите. Но, кога постојано ги ставаме туѓите потреби пред своите, со текот на времето може да се појават замор, фрустрација и слично.
Границите не значат дека не ги сакате другите
Поставувањето граници не значи дека сте ладни или дека не ви е грижа за луѓето околу вас. Напротив, јасните граници често создаваат поздрави односи бидејќи другите знаат што можете, а што не можете да направите.
Кога постојано правиме нешто против својата волја, често се појавува незадоволство. Искреното и мирно „не можам овојпат“ е поздраво отколку да прифатите нешто, а потоа да чувствувате лутина или исцрпеност.
Како љубезно да кажете „не“?
Не мора да давате долги објаснувања или да се оправдувате. Едноставните и мирни реченици често се најдобри.
„Би сакала да помогнам, но овојпат немам можност.“
„Не можам да го преземам тоа во моментов.“
„Ќе размислам и ќе ти кажам, не можам веднаш да одговорам.“
„Разбирам дека ти е важно, но морам да го ставам ова како приоритет.“
Не се чувствувајте виновни за тоа што имате свои потреби. Многу луѓе чувствуваат вина кога првпат ќе почнат да поставуваат граници. Тоа е нормално, особено ако со години биле оние кои секогаш се достапни.
Но, грижата за себе не значи дека ги занемарувате другите. Одмор, време за себе и право да одбиете нешто што ви создава преоптоварување се дел од одржувањето на психичката рамнотежа.