Неизоставен дел од деловниот стајлинг – панталони

Тие се секогаш тука кога ни е потребен деловен стајлинг, но и за секоја прилика кога сакаме елеганција и софистицираност.

Иако во минатото биле забранети за дамите, денес не можеме да си го замислиме гардероберот без нив.

Панталоните ги носиме во секое годишно време прилагодувајќи го само материјалот од коишто се изработени.

Лесни се за комбинација со речиси се, од класична кошула и џемпер, па се до маичка на кратки и свечена блуза.

Во зависност од нашиот стил одбираме широк или потесен крој, а истото важи и за дезенот.

Панталоните ги има во голем број на нијанси, но најчесто се одлучуваме за неутралните тонови.

Модните ентузијасти неретко одбираат и кожни модели, а во однос на обувките најдобро се согласуваат со чизмите и елегантните чевли.

Ние сме секогаш тука со идеите, а ваше е само да одберете.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian