Зад блесокот на сцената и статусот на вечна икона, Шер крие живот исполнет со пресврти, љубовни бури, падови и неверојатни враќања. Нејзината приказна не е само за слава и музика, туку и за борба, храброст и живот без компромис. Шер со децении останува мистерија што постојано фасцинира, а во продолжение неколку факти што ја откриваат вистинската жена зад легендата.
Имала сериозни проблеми со читање (дислексија)
Во младоста Шер се борела со дислексија и училиште не ѝ одело лесно. Дури подоцна открила зошто учењето ѝ било толку тешко. И покрај тоа, станала една од најуспешните жени во шоу-бизнисот.
Таа е единствената жена со хит број 1 во 6 различни децении
Од 1960те па сè до 2010те, Шер имаше хитови на врвот на топ-листите – нешто што речиси никој друг не успеал.

„Believe“ го смени звукот на поп-музиката
Песната Believe (1998) не беше само хит, таа го популаризираше „auto-tune“ ефектот во модерната музика. Денес речиси сите го користат, но Шер беше првата што го направи глобален тренд.
Освоила Оскар – и тоа без формално актерско образование
За улогата во Moonstruck (1987) ја доби наградата Оскар за најдобра актерка, иако никогаш не студирала глума. Критичарите биле шокирани публиката воодушевена.
Модна револуционерка
Нејзините сценски костими со креаторот Боб Мекки ги поместија границите на модата, транспарентни фустани, пердуви, кристали и гола кожа… нешто што денес е нормално на сцена, но тогаш било шокантно.
Тешка семејна приказна со нејзиниот син Chaz
Кога нејзината ќерка Честити јавно се идентификуваше како трансродова личност и стана Чез Боно, Шер призна дека ѝ требало време да го прифати тоа. Денес имаат силна врска, но процесот бил емотивно тежок и многу јавно следен.
