Ниту парите не ѝ помагаат на жена која не знае да се облече – 8 модни совети од кралицата на стилот

Карин Ројтфелд е истакната фигура во светот на модата, позната по беспрекорниот стил и влијателната работа како поранешна уредничка на француското издание на магазинот Vogue.

Нејзините модни совети не се само насоки како да изгледате добро, туку и како да го пронајдете сопствениот стил кој ќе биде автентичен и безвременски елегантен.

Игнорирањето на трендовите е првиот чекор кон создавање сопствен стил

Таа ја истакнува важноста да не купувате нешто само затоа што моментално е популарно. Наместо тоа, треба да се потпрете на класични парчиња кои секогаш се во мода. Цветните дезени на панталоните можеби се хит во моментов, но кога трендот ќе помине, повторно ќе барате нова облека. Затоа е важно да инвестирате во класика која никогаш не излегува од мода.

Црното здолниште е темел на секој добро составен гардеробер

Карин Ројтфелд препорачува да имате повеќе црни здолништа во плакарот, бидејќи можат да се комбинираат на многу начини. Без разлика на возраста или стилот, црното здолниште секогаш ќе биде основа за различни комбинации.

Копирањето комбинации од модните писти може да доведе до губење на индивидуалноста

Наместо тоа, треба да се потпрете на сопствениот вкус и стил. Купувањето според интуиција и самостојното креирање комбинации може да резултира со уникатен и автентичен изглед.

Наместо да ја фрлате старата облека, размислете за прекројување

Прекројувањето стара облека може да биде забавен начин да ѝ дадете нов живот. Од широки парчиња можете да направите тесни, а од долги – пократки. Ако не сте вешти со игла и конец, посетете кројачка и споделете ги вашите идеи.

Познавањето на сопственото тело е клучно за избор на облека што најдобро ви прилега

Вашиот стил треба да ги одразува пропорциите на телото. На пример, ако сте пониски, широките панталони можеби нема да ви стојат толку добро како модели што подобро ја следат фигурата.

Комбинирањето машка и женска облека може да даде интересен и оригинален изглед

Кожна јакна од машки гардеробер може одлично да изгледа во комбинација со свилена кошула. Исто така, машка бела кошула може да се носи под сако и фармерки, создавајќи софистициран изглед.

Кога сте во дилема, секогаш избирајте удобност

Понекогаш жените се соочуваат со предизвик при изборот на облека, но на крај секогаш се враќаат на она во што се чувствуваат најдобро. Особено кога сте уморни или нерасположени, удобната облека може да ви помогне да се чувствувате подобро во сопствената кожа.

Не мора да трошите многу пари за да изгледате добро

Наместо тоа, паметно е да инвестирате во квалитетни класични парчиња или да следите достапни модни трендови. Скапата облека може да биде привлечна, но ако ја носите ретко или никогаш, тоа е непотребен трошок. Фокусирајте се на парчиња што добро ви стојат и во кои се чувствувате самоуверено.

Карин Ројтфелд ја нагласува важноста на автентичноста, удобноста и практичноста во модата. Нејзините совети ги инспирираат жените да го пронајдат својот стил и преку облеката да ја изразат сопствената личност.

Н.Т