Новата колекција на Шанел во чест 110 годишнината од основањето

Годинава е посебна за Шанел – модната куќа прославува 110 години од отворање на првото ателје.

Приказната за брендот предводен од легендарната Габриел Коко Шанел започна во францускиот град Биариц во 1915 година.

Токму затоа последната колекција пролет/лето 2025та, прикажана на Париската модна недела се наврати на богатото модно наследство.

Во фокусот беа комфорот, формите и боите, токму онака како што Коко ги замислуваше со нејзината изрека -Comfort has shapes. Love has colors.

Колекцијата ја донесе хармонијата на боите и формите. Се започна со бели, светли и  нежно, пастелни тонови за да финишира со темно сина и црна боја, за која што Коко велеше дека е најлегантната од сите.

Фустаните ги магепсаа присутните со својата леснотија и внимателно скроени пропорции. Од кратки и долги дизајни до везови од шифон и тул колекцијата доследно одговори на историскиот момент на Шанел.

Театарска елеганција и софистицирана класика споени во едно.

Фото: AP Images

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian