Јаболката неодоливо не потсетуваат на есен, а еден од најдобрите есенски десерти е токму колачот од јаболка. Затоа наш викенд предлог ќе биде вкусен предвесник на сезоната што следи.
Потребни состојки:
- 80 гр. зејтин
- 120 мл. млеко
- една лажичка екстрат од ванила
- 100 гр. брашно
- една лажичка прашок за пециво
- еден лимон
- мускатно оревче
- сол
- 4 јајца
- 100 грама шеќер
- кафеав шеќер за наросување
- 6/7 јаболка со средна големина
Рерната загрејте ја на 190 степени и премачкајте го садот каде што ќе ги печете јаболката. Загрејте ги путерот, млекото и ванилата на послаба температура се додека не се соединат, а потоа тргнете го садот од оган.
Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, малку мускатно оревче, кора од лимон и малку сол. Со миксер изматете четири јајца и шеќер, а потоа внимателно соединетете ги сите состојки и сувите и течните додека не добиете смеса за колач.
Јаболката излупете ги и исечете ги на четири дела, а потоа истите на тенки кришки. Секоја од нив потопете ја во претходно добиената смеса и така редете ги во подготвените сад.
Смесата што ќе остане прелијте ја преку јаболката, а на крај наросете малку кафеав шеќер. Печете час, до чаc и половина со постојано проверување за да не загори.
Пред послужување колачот треба малку да се излади, а доколку сакате можете да додадете и шеќер во прав.