Пјерпаоло Пиколи е новиот креативен директор на Баленсијага

Пјерпаоло Пиколи од 10 јули ја превзема функцијата на креативен директор во модната куќа Баленсијага.

Италијанскиот дизајнер кој е познат по својот романтицизам и големата почит кон традицијата, го наследува Демна, човекот што го дефинираше брендот во изминатата декада преку својот помалку остар и провокативен стилски израз.

Првата колекција на Пиколи ќе биде презентирана на Париската модна недела во октомври.

Неговата професионална кариера започна во Фенди каде работеше 10 години заедно со Марија Грација Кјури.

Двајцата, потоа заедно работеа за Валентино до 2008, а од 2016 Пиколи продолжи самостојно како уметнички директор.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian