Париската недела за висока мода за пролет/лето 2025 на едно место ја собра светската елита. Овој настан кој привлекува големо внимание во првите редови на модните шоуа ги донесе светските ѕвезди, кои импресионираа со своите модни избори. Нивното присуство беше забележително на модните ревии на врвните светски дизајнери како Шанел и Диор.
Кајли Џенер
Кајли Џенер блесна во класично Шанел здолниште со современ крој, додека Памела Андерсон продолжи да го истакнува својот природен изглед со минималистичка шминка. Дуа Липа импресионираше во комплетно црн стајлиг и „oversize“ машна која е еден од најактуелните трендови сезонава. Други ѕвезди како Лили-Роуз Деп и Карла Бруни го освоија вниманието со својот елегантен стил.
Дуа Липа
Од раскошни вечерни тоалети до неверојатно стилски секојдневни комбинации, ѕвездите навистина го покажаа својот најдобар стајлинг во Париз.
Париската модна недела која трае до 30 јануари, дефинитивно ја одбележуваат незаборавните стилски моменти на славни личности кои даваат дополнителен шарм на овој престижен настан.
Лили-Роуз Деп
Во прилог ги издвојуваме најистакнатите изгледи на познатите кои беа дел од Париската модна недела за пролет/лето 2025.
Памела Андерсон
Наталија Водјанова
Кели Рутерфорд
Дева Касел
Венус Вилијамс
Анја Тејлор-Џој
Карла Бруни