Париски трик со кој балетанките може да бидат во мода цела година

Парижанките се вистински икони кога е стилот во прашање, а нивниот последен таен трик за сезонско облекување покажува зошто.

Оваа година тие ни покажуваат дека балетанките кои се едно од најомилените летни парчиња не мора да бидат ставени во позадина на гардероберот кога температурите паѓаат. Напротив, со едноставен додаток -чорапи, овие вечно елегантни обувки можат да се користат и во студените месец.

Привлечноста на овој трик лежи во неговата едноставност и разновидност.

Лили-Роуз Деп, која секогаш е трендсетерка, неодамна го прикажа овој изглед комбинирајќи бели кожни балетанки со бели кратки чорапи. Таа го избра лежерниот изглед со фармерки, но оваа комбинација е подеднакво стилска и со здолниште или фустан, што го прави овој трик погоден за секоја прилика.

Вистинската магија на овој тренд лежи во креативноста која ја нуди. Изборот на чорапи може драматично да го промени изгледот на вашата комбинација.

Романтични чипкани чорапи додаваат винтиџ шарм, меките плетени чорапи даваат топлина во зима, а чорапите со машни додаваат игрив и женствен допир. Moжностите не завршуваат тука, овие чорапи може да се комбинираат со балетанки во различни дизајни, создавајќи изглед што е уникатен за вас.

Најдобрата работа од овој тренд е дека не ви треба целосно обновување на гардеробата за да го пробате овој изглед.

Вклучете се во овој тренд и откријте како чорапите и балетанкиите можат да ја трансформираат вашата гардероба оваа зима, уште еднаш докажувајќи дека шик стилот не познава сезона.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian