Печена тиква: Вкусен и здрав сојузник во студените денови

Печената тиква е еден од најздравите зимски намирници кога станува збор за исхраната. Не само што е вкусна и лесна за подготовка, туку е и вистинска ризница на хранливи материи што му помагаат на организмот да остане здрав и енергичен во студените денови.

 Го зајакнува имуниот систем

Печената тиква е богата со витамин А (бета-каротен), кој е клучен за јакнење на имуниот систем и заштита од настинки и грип. Покрај тоа, содржи и витамин Ц, кој дополнително ја подобрува имунолошката одбрана на организмот.

Го штити видот и кожата

Витаминот А, кој во големи количини се наоѓа во тиквата, е неопходен за добар вид, особено во услови на слаба светлина. Покрај тоа, бета-каротенот ја штити кожата од предвремено стареење и ја одржува хидрирана и еластична.

Го подобрува варењето

Печената тиква е богата со диетални влакна, кои го поттикнуваат здравото варење. Влакната, исто така, придонесуваат за подолго чувство на ситост, што ја прави тиквата одличен избор за оние кои сакаат да ја одржат својата телесна тежина.

Го поддржува здравјето на срцето

Тиквата содржи калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Покрај тоа, антиоксидансите во тиквата ги намалуваат воспаленијата во телото и го штитат срцето.

Помага во регулација на шеќерот во крвта

Иако тиквата има природна сладост, таа има низок гликемиски индекс и помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Ова ја прави безбедна опција и за луѓето кои внимаваат на нивото на глукоза.

Ја подобрува енергијата и расположението

Богата со комплексни јаглехидрати, тиквата обезбедува стабилна енергија, без нагли падови на шеќерот во крвта. Покрај тоа, содржи и аминокиселина која учествува во создавањето на серотонин – хормонот на среќата, кој го подобрува расположението и помага во борбата против зимската меланхолија.

Како да ја подготвите?

Најдобар начин да уживате во тиквата е да ја исечете на парчиња, да додадете малку цимет и мед за уште побогат вкус, и да ја печете на 200°C околу 30-40 минути. Може да ја комбинирате со ореви и бадеми за дополнителен нутритивен баланс.

Затоа немојте да се двоумите, внесете ја печената тиква во вашата зимска исхрана и искористете ги сите нејзини здравствени придобивки.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian