Пеплум дизајните се повторно ин

Пеплумот како дизајн за прв пат станува популарен во 40-те години на минатиот век. Неговата цел е да го истакне струкот кај понежниот пол додавајќи доза на женственост, а најмногу се забележува во креациите на Кристијан Диор.

Пеплум парчињата во тоа време беа дел од таканаречениот New Look којшто го акцентираше обликот на жената, а го носеа најголемите диви од тој период како Мерлин Монро и Рита Хејворт.

Како дизајн повторно станува актуелен во 80-те, кога се прифаќа и како дел од деловниот стајлинг. Џани Версаче и Ив Сан Лоран внесоа пеплум во своите haute couture колекции создавајќи уште поголема популарност.

Сега неколку децении подоцна повторно го носиме вклопен во една модерна естетика – со џинс, панталони и останати casual парчиња.

Прилагоден е на актуелните тендеции со што одговара на различни типови на градба и стил.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian