По пет години борба со рак на дојка: Карла Бруни за најголемиот предизвик во животот

По пет години борба со рак на дојка, поранешната француска прва дама Карла Бруни објави дека успешно ја завршила терапијата и со тоа ставила крај на една долгогодишна здравствена битка. Во емотивна објава на својот Instagram профил, Бруни истакна дека на крајот од 2019 година ѝ била дијагностицирана оваа тешка болест, а потоа следеле хируршки зафати, радиотерапија и пет години хормонска терапија – стандарден, но напорен третмански пат во борбата против рак на дојка.

Jа истакна благодарноста кон науката и медицинскиот персонал

„Денес, сабота, 20 декември 2025 година, завршувам пет години хормонска терапија по дијагнозата на рак на дојка на крајот од 2019 година“, напиша Бруни во објавата, придружена со фотографија на која држи една од тераписките лекови што ја следеа низ овој тежок период. Таа ја истакна благодарноста кон науката и медицинскиот персонал, нагласувајќи дека терапијата, и покрај „прилично агресивните“ несакани ефекти, е клучна за заштита од рецидив – што е честа појава во годините по дијагнозата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Карла Бруни го искористи својот пост за да упати силен апел до жените за редовни прегледи и скрининзи, потенцирајќи дека раното откривање на болеста може буквално да го спаси животот. Таа им порача на сите жени да не се двоумат да се подложат на мамограми и други контроли секоја година, доколку е можно.

Во својата објава, Бруни, која е сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, изразува и длабока благодарност кон медицинскиот тим за нивната „компетентност и човечност“ во текот на третманот, опишувајќи го своето искуство како тежок, но на крајот успешен пат.

Пораката на Бруни до јавноста е јасна

Дури во октомври 2023 година, таа откри дека дијагнозата е уште од 2019 година, кога болеста била откриена во рана фаза. Тогаш таа ја искористи кампањата за месецот на свесност за рак на дојка за да ја сподели својата приказна со практични совети и охрабрување за другите жени.

Пораката на Бруни до јавноста е јасна: превенцијата и редовните медицински прегледи се клучни во раното откривање на рак на дојка, што значително ја зголемува шансата за успешно лекување и опоравување. Оваа светска здравствена порака доаѓа во време кога рак на дојка продолжува да биде најчесто дијагностициран вид рак кај жените глобално, со милиони нови случаи секоја година.

Н.Т