Преку кампањата за колекција есен 2025 Донатела Версаче се збогуваше со нејзината функција како креативен директор во модната куќа.

За таа цел дизајнерката ги одбра нејзините пријателки супермодели меѓу кои Клаудија Шифер и Кејт Мос коишто беа музи на брендот.
Кампањата ги обединува гламурот на 90-те и модерниот минимализам преку смели кроеви, стегнати силуети, црна кожа, металик варијанти и сензуални, провидни парчиња.
Во неа моделите се божици налик на златното време на супермоделите, но со свеж и модерен пристап.
Донатела ќе ја има улогата на бренд амбасадор додека се чека превземањето на модната куќа од групацијата Prada, за 1,25 милијарди евра.
View this post on Instagram