Празни клупи, потонати соништа – денови на тага во Македонија

Македонија е завиена во црно. Тагата и неверувањето ја притискаат секоја мисла, а болката се чувствува во секој здив. Млади животи згаснати, соништа потонати, песни недопеани.

Празни клупи во училиштата, семејства што повеќе не се цели. Секое срце во земјава плаче за загубата, за неправдата, за животите што згаснаа пред да успеат да се израдуваат на убавините на животот.

Неверување, шок, гнев – зошто? Кој ќе одговори? Кој ќе понесе одговорност? Премногу пати сме сведоци на трагедии што нè оставаат со истите прашања, со истата беспомошност. Но, зборовите не се доволни. Потребни се дела, потребна е совест, систем што ќе гарантира безбедност и одговорност, систем кој нема да дозволи никогаш ваква несреќа да се повтори.

Во овие мигови на неизмерна тага, мислите ни се со семејствата што изгубија најмилото. Нема зборови што можат да ја утешат душата и да ја надополнат длабоката празнина. Не постои лек за загубата на дете, мајка, татко, сопружник, брат, сестра, пријател… Само болка што тлее. Само тишина што вреска.

Најдлабоко сочувствуваме со сите погодени од трагедијата во Кочани. Нашите молитви се со секој кој изгуби дел од себе.

Секој од нас треба да преземе во свои раце сѐ што може да се стори, за да им се помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна.

Одговорност за оваа катастрофална трагедија мора да има.

Да не дозволиме оваа болка да стане само уште една тажна вест.

Да не дозволиме да заборавиме…

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian