Вчера, во Three Kitchen & Bar голем број на пријатели, соработници и јавни личности му оддадоа почит на пријателот, брат и ментор, Панчо од дуото ДНК кој трагично го загуби животот по тешка борба со изгорениците предизвикани од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Со насмевка сите се потсетија на некои од најубавите моменти од изминатите 20 или повеќе години, а сето тоа беше прикажано преку негови лични предмети, облека, списанија, видео- материјали, спорт…
Настанот не беше само комеморација – тој беше прослава на животот, талентот и големото срце на Панчo. На човекот кој знаеше да инспирира, обединува, мотивира и создава магија на сцената и топлина меѓу луѓето.
Неговата музика останува. Неговата приказна продолжува преку сите што го сакаа. А неговото име засекогаш ќе биде дел од нашата музичка историја.



