Пудра розова боја- еден од главните трендови за пролет 2025

Иако сè уште сме во зима, време е да се подготвуваме за потопло време и новите трендови. Популарните брендови како Miu Miu, Khaite, Brandon Maxwell и Alaïa веќе ја вклучија пудра розовата боја во своите колекции за пролет/лето 2025 и ја промовираа како еден од главните трендови на сезоната.

Оваа нијанса на розово е мека и романтична, но не премногу засладена. Пудра розовата ја задржува неутралноста, правејќи ја помалку слатка од трендот на Барби што доминираше во последните години.

На модните писти, дизајнерите ја комбинираат со свила и органза во прави, класични силуети, што ја прави оваа боја лесна за носење и со елегантен ефект, потсетувајќи на женствената гламурозност на Грејс Кели.

Пудра розовата во 2025 станува појасно изразена – една префинета боја која ја слави мекоста како сила. Без разлика дали се носи како елегантен фустан или класична кошула, оваа боја е неверојатно разноврсна и остава силен впечаток.

Доколку овој тренд сакате да го пробате сега, можете да се носите кашмир џемпери, волнени палта и кратки јакни во пудра розова боја.

За во пролет, комбинирајте ја со сатенска миди-сукња, а кога температурата ќе се зголеми, искористете ја за фустани инспирирани од Кери Бредшоу, комбинирани со деликатни сандали.

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian