Путер-жолта: Боја која ќе ја освежи вашата пролетна гардероба

Путер-жолтата боја која претставува вистинско пролетно освежување ќе биде една од најдоминтантните за претстојната сезона. Специфичната нијанса беше промовирана од Сара Бартон, новата креативна директорка на Живанши, која истата ја претстави во својата дебитантска колекција есен/зима 2025. Жолтиот капут со нагласен струк и драматични раменици веќе стана вирален момент по нејзиниот дебитантски настап во Париз.

Но, Бартон не е единствената која ја истакна оваа боја – жолтата беше хит низ пролетно-летните колекции за 2025, варирајќи од светла путер-нијанса до златести тонови. Пастелните бои секоја пролет добиваат свое место, но оваа нијанса на жолта која сега доминира е порафинирана, нежна, луксузна и неутрална.

Toteme, мајсторите на минимализмот, претставија целосно монохроматска колекција, каде што фустани, блузи и марами во бледо жолта боја создаваат суптилен, елегантен изглед.

16Arlington, пак, понуди најкул „путер“ стил на сезоната: фармерки, јакна, ташна и дури и градник – сè во иста нијанса.

Многумина знаат да ја избегнуваат жолтата боја мислејќи дека таа не им прилега, но оваа мека путер-жолта е универзална нијанса, исто толку нослива како и беж тоновите.

Жолтиот фустан, во комбинација со сончевите денови кои ги очекуваме, ветува дека ќе биде главен тренд, а Chloé и Chanel веќе понудија креации во оваа нијанса, идеални за топлите месеци.

Ако досега сте се двоумеле околу жолтата боја, време е да ја преиспитате вашата одлука, заборавете на старите модни правила и прифатете ја оваа нежна, но впечатлива нијанса како нов неутрален тон во вашата гардероба, кој ќе направи разлика.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian