Пролетната мода секогаш носи неочекуван камбек, а оваа сезона во фокусот се капри панталоните. Eдна од ѕвездите што го прифати овој тренд од раните 2000-ти е Рене Зелвегер.
Додека ја промовираше Bridget Jones: Mad About the Boy, 55-годишната добитничка на Оскар зачекори во елегантен, целосно црн аутфит, докажувајќи дека монохроматскиот стил е синоним за безвременска софистицираност.
Капри панталоните во црна кожа беа во фокусот на нејзиниот изглед, а ги комбинираше со црна ролка, структурирано црно сако и класични црни салонки.
Стилизирана од Петре Фланери, наместо да изгледа како моден повратник, нејзиниот изглед беше свеж, модерен и софистициран, што докажува дека капри панталоните не се само тренд од минатото, туку неизбежен fashion moment за 2025 година.
Клучот за успешна комбинација е во изборот на материјали и крој. Кожните капри, како оние што ги носеше Зелвегер, додаваат елегантен, урбан изглед, совршен за дневни и вечерни пригоди.
Со комбинација на балетанки за casual изглед или пак потпетици за повпечатлив стајлинг, овој изглед се враќа на голема врата.