Рене Зелвегер, која најмногу ја паметиме по улогата во трилогијата за Бриџит Џонс, ја краси февруарската насловна на британскиот Вог.
Мега успешните продолженија ќе добијат уште една четврта по ред приказна за новинарката која овој пат ќе ја видиме како вдовица која доживува нова љубов.
Пред премиерата на Bridget Jones: Mad About the Boy, која е закажана за 14-ти февруари, британската актерка позираше за престижниот магазин.
Рене на фотографиите потсетува на легендарниот Дејвид Боуви, особено со кратката коса, којашто одлично и стои.
Во интервјуто коешто го дава на колегата од популарниот филм, Хју Грант, Зелвегер зборува меѓу другото и за омилените креации од црвениот тепих.
Едниот од нив е фустан со потпис на Каролина Ерера од Мет Галата во 2011-та, а другиот е тоалета на Армани којашто ја носеше на Оскарите во 2020-та година.
Пријателството помеѓу Рене и Хју започна додека го снимаа првиот дел од филмот и оттогаш актерката секоја година му испраќа шише виски на својот колега.
Оскаровката, 55 беше отсутна од шоубизнисот шест години, пред да го сними Bridget Jones’s Baby, во 2016-та.
Една малку поинаква Рене во андроген стил.
Фото: British Vogue (Nikolai von Bismarck)