За нејзиниот 37-ми роденден мега популарната Ријана се појави во неочекуван стајлинг кој е хит оваа сезона- моќно одело со кравата.
Прославувајќи во Лос Анџелес рака под рака со A$AP Rocky, Ријана блескаше во класична бела кошула, бордо кравата со пруги и остро кроено двојноредно сако во сенф-жолта нијанса. Изгледот го дополни со елегантни црни панталони, чевли со шпиц, Ray-Ban очила за сонце и лежерна кожна чанта.
Роки ја следеше нејзината естетика, комбинирајќи светло сиво сако под тренди мантил во камена боја, истата бордо кравата и Ray-Ban очилата. Ова не е првпат парот да избере софистицирана, костимирана елеганција, само неколку дена претходно, двојката блесна во уште еден усогласен изглед со одела.
Со ова, Ријана го потврди најголемиот тренд за 2024 – моќното одело. Без разлика дали е предимензионирано и лежерно или строго кроено како нејзиното, оделото веќе не е само за деловни средби, туку симбол на самодоверба, софистицираност и урбан, кул изглед.
Извор: harpersbazaar