Топ моделите Роузи Хантингтон-Вајтли и Наоми Кембел импресионираа со својата појава на улиците на Париз за време на Париската модна недела.
Роузи, поранешниот ангел на Victoria’s Secret, привлече погледи во елегантни црни балон панталони, комбинирани со кожна јакна со висока јака.
Комплетниот изглед го надополни со шик салонки, мала црна клач-торбичка и затемнети очила за сонце, додека нејзината долга руса коса беше стилски вовлечена во јака.
Наоми, пак, со беспрекорна лежерност го врати во мода „double denim“ изгледот. Супермоделот зачекори низ Париз во впечатливи ѕвонарки и усогласена тексас јакна со ремен, над црна ролка.
Својот ретро-стајлинг Наоми го збогати со крзнен елек, плетена капа и црно-сиви New Balance патики кои и овозможија удобност.
Додадената доза на гламур дојде преку нејзиниот накит и очила за сонце.
Двете ѕвезди претходната вечер присуствуваа на гала-вечерата во музејот Лувр, со што официјално беше одбележан почетокот на Париската модна недела.
Настанот привлече бројни познати имиња од светот на модата, со цел поддршка на реставрацијата на музејот и неговите едукативни програми.