Сара Џесика Паркер постојано докажува дека е вистинска модна кралица без да следи трендови.
За неа слободно можеме да кажеме дека со својот стилски сенс ги инспирира сите генерации исто како и нејзиниот лик Кери Бредшо во култната серија Sex and the city.
Паркер беше главна ѕвезда на црвениот тепих на Red Sea Festival каде се појави во светкав фустан, скроен за претпразничната атмосфера.
Актерката која има сопствен бренд за чевли, постојано е во фокусот на модниот свет, благодарение на нејзиниот беспрекорен стајлинг каде и да се појави.
Овој пат Паркер ги освои сите со светкавиот фустан со ракави, чиишто златни и бакарни тонови совршено се прелеваа, додавајќи доза на луксуз.
Светкавите дезени отсекогаш биле популарни за претпразничната сезона, со таа разлика што годинава ги комбинираме со волна, плетенина или твид, односно доза на природни материјали.
Фото: Instagram