Селена Гомез и Џенифер Анистон, предизвикаа восхит за време на прославата на Galentine’s Day, комбинирајќи безвременска елеганција со искрена поврзаност.
Galentine’s Day е глобален празник кој го слави женското пријателство. Обично се одбележува на 13 февруари, но може да се прослави и на друг ден. На настаните за Galentine’s Day, се собираат жени, кои меѓусебно се поддржуваат и охрабруваат.
Селена, основачот на брендот за убавина Rare Beauty, и Џенифер, основачот на LolaVie, на настанот ги претставија и своите нови производи што ја направи вечерта незаборавна и полна со изненадувања.
Селена изгледаше прекрасно во елегантен црн дизајн, комбиниран со совршено скроени панталони и впечатлив ремен, додека Џенифер совршено го дополни стилот на својата пријателка со стилско црно сако и минималистички златни детали. Нивните координирани модни избори беа доказ дека класичната црна боја никогаш не излегува од мода.
Во интервју за People, Селена зборуваше со восхит за Џенифер, нарекувајќи ја инспирација за цел живот: „Ја познавам Џен веќе повеќе од една деценија, и таа е личност на која секогаш сум се огледувала. Таа секогаш е тука за мене. Прекрасно е да имаш луѓе во животот кои ќе те сослушаат и ќе ти дадат одлични совети.”
Џенифер го сподели истото чувство, велејќи дека нивната врска е изградена на меѓусебна поддршка: „Се однесуваме една со друга како со сестра и како со мајка, најдобро што можеме.”
Нивната хемија беше очигледна кога заедно го оживеаја култниот момент од легендарната серија Пријатели, каде што Џенифер ја играше Рејчел Грин. Двете изведоа синхронизација на иконските реплики од Рејчел и Џои Трибијани, развеселувајќи ги обожавателите на социјалните мрежи.
Прославата на Селена и Џенифер на Galentine’s Day беше сведоштво за силата на цврстите пријателства.
Фото: Instagram