Летото и жолтата боја се одличен пар. Оваа нијанса неодоливо потсетува на сонце и плажа, носи позитивно расположение и токму затоа е совршена за летните месеци.
Жолтата со сите свои тонови најмногу одговара со белата боја, но доколку сте расположени за експериментирање можете да вклучите и нешто трето.
Нема да згрешите доколку ја споите со црна или парче џинс, а ако одберете монохроматски аутфит секако ќе бидете забележани.
Нашиот мал фото водич има десет начини како да изгледате убаво во сончевата жолта.