Сите нијанси на беж

Беж носиме во текот на целата година, но зимата едноставно многу прилега на оваа боја. Затоа денешната галерија ја посветуваме токму на оваа нијанса, за многумина омилена.

Ги разгледуваме различните нијанси на беж и начинот на којшто ги спојуваме. Капутите во оваа боја се едни од најзастапените во сезонава, а тука некаде се и капите и шаловите.

Беж е одлична нијанса кога станува збор за комбинирање. Можеме да ја носиме со речиси секоја боја, а со црната се еден од омилените парови.

Од панталони и тренерки, до џемпери, чизми и капути ја гледаме насекаде и мора да признаеме одлично стои.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian