Среќен 35-ти роденден Марго Роби

Ѕвездата на Suicide Squad, Once Upon a Time… in Hollywood, Bombshell, The Wolf of Wall Street, и секако Barbie, денес полни 35 години.

Освен тоа што е една од најубавите холивудски актерки Марго Роби постојано се докажува и како актерка. Родена е во Австралија, а израснала со двајца браќа и една сестра под будното око на мајка и.

Нејзиниот стил на сите нејзини јавни појавувања е сведен на впечатлив минимализам, а елегантните фустани или дводелните одела во црна или бела варијанта, се нејзиниот најчест избор.

Ја паметиме по нејзините розови изданија кога го промовираше филмот Barbie за коишто мораме да кажеме дека одлично и прилегаа.

Роби од 2016 е во брак со Том Екерли, а лани го роди и своето прво дете.

Денес во чест на нејзиниот 35-ти роденден издвојуваме неколку нејзините впечатливи модни решенија.

 

 

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian