Среќен 50-ти роденден Шарлиз Терон

Таа важи за една од најубавите жени во Холивуд и денес го прославува својот јубилеен, 50-ти роденден.

Од своето турбулентно детство во Јужна Африка до гламурозните црвени теписи, Шарлиз Терон не само што е одлична актерка, таа е и модна икона.

Низ годините се нижеа разни филмски улога, а Шарлиз созреваше на професионално и стилско ниво.

Терон правеше и многу трансформации, но мора да признаеме дека секоја изглед совршено и прилегаше.

На почетокот на кариерата глумеше романтични и женствени ликови, за подоцна да премине во други жанрови покажувајќи талент и за сериозни и драматични изведби.

Нејзин заштитен знак за црвениот тепих се дводелните одела, како и макси тоалетите што ја истакнуваат нејзината силуета.

Кога станува збор за неформален стил Шарлиз негува лежерна, но истовремено и шик естетика.

Денес во чест на јубилејната 50-ка, издвојуваме неколку одлични стилски моменти.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian