Среќен 60-ти роденден Сара Џесика Паркер

На денешен ден е родена Сара Џесика Паркер. За актерката, која е најпрепознатлива по нејзината улога во Сексот и градот ова е јубилеен 60-ти роденден.

Нејзиниот лик Кери Бредшо важеше за модна икона, а Паркер продолжи да го докажува истото и понатаму.

Сара има и свој бренд за чевли којшто има добиено многу признанија за стил и квалитет.

Улогата во култната серија и донесе многу награди како четири Златни глобуси и две Еми награди.

Нејзиниот пат до славата не беше лесен, а како дете била балерина и одела на часови по пеење.

Паркер е во брак со колегата Метју Бродерик од 1997-ма, а парот има три дечиња – едно момче и две девојчиња.

Денес во нејзина чест одвојуваме неколку одлични изданија на Сара.

Среќен 60-ти роденден!

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian