Среќен роденден Кајли Миног

Австралиската пејачка Кајли Миног е родена на денешен ден пред 57 години.

Кајли освен што успешно се прослави како музичар, таа е и актерка, како и автор на многу песни.

Добитничката на Греми ја достигнува својата најголема популарност во 2000-те, а за тоа придонесува и нејзиниот стил којшто честопати е нарекуван провокативен.

Миног е препознатлива по високобуџетните музички спотови, по сценскиот впечатлив стајлинг, а омилена е и кај геј заедницата.

Кајли се избори и со рак на дојка, а нејзиниот приватен живот честопати бил мета на папараците и светските магазини.

Навлезена во својата шеста деценија Миног се уште важи за секс симбол и освојува со својата харизма.

Денес во чест на нејзиниот роденден одвојуваме неколку стилски изданија на џебната Венера.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian