Среќен роденден Софија Вергара

Светот ја запозна Вергара благодарение на нејзината улога во мексиканската сапуница од 1995 година, „Acapulco, Cuerpo y Alma”. На 17-години ја снимаше својата прва реклама за Пепси, по што следуваа низа комерцијални успеси во нејзината кариера како актерка, водителка и модел.

Во 2003 година го снимаше филмот „Chasing Papi”, на што се надоврзаа бројни ангажмани за големото платно.

Сепак Софија стана мега популарна по нејзината главна улога во хит серијата „Modern Family” за која има добиено четири номинации на Златните Глобуси и четири Еми награди.

Ѕвездата важи за една од најубавите и најсексипилни жени во светот, но препознатлива е и по својот темперамент. Таа беше во брак со актерот Џо Мангинело пред да се разведат во 2023.

Актерката има 33 годишен син Маноло Гонзалес Вергара којшто го доби на само 19 години.

Софија секогаш измамува воздишки со својот сексапил и слободно можеме да кажеме дека времето застанало за неа.

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian