На денешен ден 17-ти април е родена Викторија Бекам.
За прв пат јавноста ја запозна во 90-те како членка на популарната група Spice Girls. Викторија уште од тогаш важеше за дама со стил и инспирираше многу млади девојки со својот стајлинг.
Популарноста ја доведе и до фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, а двојката се венча во 1999-та.
Денес по повеќе подеми и падови, како на приватно, така и на професионално поле, Викторија конечно си го потврди статусот како докажана модна дизајнерка.
Нејзиниот минималистички и по малку андроген стил е препознатлив во речиси секоја креација. Голема бројка на славни личности се нејзини редовни клиенти и поддржувачи на тоа што го прави.
Викторија 2017 доби OBE (Order of the British Empire) орден за заслуги од кралското семејство – признание коешто се доделува за најголемо достигнување во одредена индустрија во Велика Британија.
Минатиот месец модната империја на дизајнерката беше проценета на 83,5 милиони евра.
Среќен 51 роденден Викторија!