На денешен ден пред 43 години е родената принцезата од Велс Кејт Мидлтон.
Со својата харизма и беспрекорниот стил Кејт неодоливо потсетува на принцезата Дајана.
Каде и да се појави таа секогаш плени со својот шарм и токму затоа важи за омилена во кралското семејство.
Кејт го запознава нејзиниот сопруг, принцот Вилијам во 2001 година додека студирале заедно на колеџ. Нивната љубовна приказна предизвика огромно медиумско внимание, а двојката се венча на 29 април 2011-та година.
Принцезата, која е мајка на три дечиња, важи за модна икона, а нејзиниот стил е инспирација за многумина.
Нејзин омилен дизајнер и е Александар Меквин, но Кејт неретко се одлучува за едноставни парчиња без дизајнерски потпис.
Од миди флорални фустани до тоалети достојни за принцеза и по некоја покежуал варијанта, што и да облече нема простор за модна утка.
Денес во чест на нејзиниот 43-ти роденден одвоивме неколку прекрасни изданија на Кејт.
Фото:Pinterest