Супермоделот Паулина Поризкова се омажи на 61 година

Никогаш не сте премногу возрасни за да ја пронајдете љубовта на својот живот. Супермоделот Паулина Поризкова (61) се омажи за сценаристот и комедиограф Џеф Гринстин (63) на романтична церемонија во Италија.

Според списанието People, двојката организирала интимна свадба во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите. На нивниот голем ден присуствувале само 78 гости, кои најпрво присуствувале на свадбената церемонија покрај живописното езеро Орта, а потоа прославата продолжила во луксузната Вила Креспи.

Паулина изјавила за People дека свадбениот ден поминал совршено.

„Во градот речиси и да нема туристи. Тоа е совршено мало место со калдрмисани улички и цвеќиња што висат од секој балкон. Вилата е мал хотел со само 14 соби и има најфантастична храна“, рекла таа.

Меден месец без повратен билет

Новопечените сопружници очигледно не брзаат да се вратат дома. Паулина открила дека сè уште немаат купено повратни авионски билети, бидејќи сакаат што подолго да уживаат во медениот месец.

„Сè уште немаме повратен билет, па ќе патуваме од едно до друго место сè додека не се измориме“, се пошегувала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Фотографиите ги воодушевија обожавателите

Списанието Vogue објави фотографии од свадбата, а на нив Паулина Поризкова и Џеф Гринстин изгледаат исклучително среќно и вљубено.

Нивната среќа ги разнежни бројните обожаватели, кои не престануваат да коментираат колку прекрасно изгледала невестата.

„Колку прекрасен, а воедно и навистина удобен фустан! Го обожавам! Честитки и нека имате уште многу, многу, многу среќни години заедно“, напишал еден обожавател.

Друг коментирал:

„Боже, колку е прекрасен фустанот, а нивната радост едноставно е заразна.“

Особено внимание привлече пораката на една обожавателка која истакна дека љубовта нема рок на траење.

„Ја обожавам оваа среќна приказна. Уживајте во ова прекрасно трето поглавје од вашиот живот. Сите ние ќе продолжиме да се инспирираме едни со други низ целиот свет!“, напишала таа.