Тејлор Свифт е прогласена за најдобро облечена ѕвезда на деценијата

Поп ѕвездата Тејлор Свифт ја понесе титулата Најдобро облечена славна личност на деценијата, со импресивни 83.200 месечни пребарувања на Google за нејзиниот стил.

Истражувањето го спроведе брендот за облека Superdry во период од декември 2021 и ноември 2024-та.

Листата се сведе на 113 ѕведи, а во пребарувањето беа вклучени нивните имиња заедно со зборовите  “fashion,” “outfits” и “style.”

Победничката Свифт, 35 освен што е една од најмладите милијардери во музичката индустрија, таа е огромна инспирација за нејзината војска од фанови – облеката што ја носи веднаш станува избор број еден за следбениците.

На второ место се најде Хери Стајлс, поранешниот член на бендот One Direction со 20.876 пребарувања.

Стајлс е познат по смелиот аутфит, како на пример светкавите комбинезони и пердувести шалови.

Третото место и припадна на Зендаја, принцезата на црвениот тепих, со вкупно 20.700 интернет пребарувања.

Актерката, 28, соработува со еден од најпознатите стилисти во Холивуд Ло Роуч, а крајниот резултат е секогаш воодушевувачки.

Раперот Кање Вест е четврти, додека младата Били Ајлиш е петта на листата Најдобро облечена славна личност.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian