Со светла кои пулсираа како срце на модниот свет, гламур и инклузија, Victoria’s Secret официјално го отвори своето ново шоу за годинава.
Настанот кој се одржа во Њујорк, донесе нова ера на сензуалност и самодоверба со силна порака за моќта на женственоста.
Од првите чекори на пистата беше јасно дека ова година Victoria’s Secret не се враќа само со шоу туку и со изјава.
Моделите Џиџи и Бела Хадид, Кендал Сванепол, Адриана Лима, како и модели кои досега не ги гледавме во ваков контекст, како што се Ангел Рис и Суни Ли, буквално блескаа во креации од врвни дизајнери кои ги споија класичните елементи на брендот со модерни, инклузивни и авангардни стилови.
Еден од најубавите моменти беше историскиот чекор на кошаркарката Ангел Рис од ВНБА, со што стана првиот професионален атлет кој прошета на пистата на Victoria’s Secret, а шоуто започна со неверојатната Џасмин Тукс која е бремена во деветиот месец.
Шоуто не беше само моден спектакл, туку и платформа за поголема инклузивност. На пистата прошетаа модели од различни етнички припадности и возраст праќајќи силна порака дека убавината нема граници.
Victoria’s Secret 2025 покажа дека брендот е подготвен да го редефинира луксузот и женственоста со стил со став и со срце.
Фото: Getty