Блејзерот е толку универзално и безвременско парче облека што може да се носи во секоја сезона.
Секогаш е во тренд и може да се трансформира во зависност од вашите преференции.
Може да го носите во спортска и во деловна варијанта, а изгледа секогаш тренди и сосема соодветно на приликата.
Долгите блејзери ги резервираме за посвечени моменти, додека оние пошироките и пократките се одлични за секој ден.
Ги имаме речиси во секоја боја и дезен, црн, кремав, бел, кариран, на риги…ваше е само да одберете според стилот.
Блејзерот и фармерките со совршен пар, а кога на тоа ќе ги додадете и патиките имате одличен пролетен аутфит.
За овој викенд ви носиме неколку комбинации со блејзер коишто можете да ги испробате.
Фото: Pinterest