
Грен слемот Ролан Гарос започна оваа недела, а веќе вчера Наоми Осака повторно покажа дека знае како да го претвори спортскиот терен во модна сцена.
Јапонската тениска ѕвезда очигледно знаеше дека јавноста со нетрпение го очекува нејзиното појавување на Ролан Гарос во Париз, па на својот меч од првото коло во женска конкуренција против Лаура Зигемунд се појави во впечатлива модна комбинација што веднаш привлече внимание.
Осака зачекори на земјениот терен во топ без ракави со корсетски крој на долниот дел, богато извезен со црни монистра, црни светки и црвени и проѕирни кристали. Комбинацијата беше надополнета со блескаво црно макси здолниште со набори, оставајќи впечаток на можеби најгламурозната „готик“ спортистка што некогаш се појавила на легендарниот стадион.
Додека се подготвуваше за натпреварот, Осака направи брза стилска трансформација достојна за ѕвезда од Бродвеј. Под црната блуза се откри златен спортски топ со карнери на долниот дел и ленти од златни светки. А кога го соблече темното макси здолниште, се појави мини здолниште целосно покриено со светки, совршено усогласено со горниот дел.
Двата изгледи беа изработени специјално за неа од Nike од дизајнерот Кевин Германиер, а брендот уште еднаш покажа дека спортската мода може да изгледа како висока мода.
Осака го надополни златниот изглед со патики во нежна пудра-розова нијанса, црн визир и соодветна црна спортска алка за рака, исто така од Nike. Косата ѝ беше собрана во плетена пунџа, а овојпат, за разлика од претходни појавувања, немаше ниту еден од нејзините препознатливи Labubu додатоци.
Тенисерката успеа да извојува победа уште во првиот натпревар, што значи дека публиката најверојатно ќе има можност да види уште многу впечатливи Грен слем модни моменти од неа додека турнирот трае до 7 јуни.
Сега останува внимателно да се следи не само тенисот на Ролан Гарос 2026 — туку и модата што се случува на теренот.
Н.Т