Дали сте знаеле дека талогот од кафе може да се претвори во состојка за колач? Ова можеби звучи чудно на прв поглед, но навистина функционира. Идејата потекнува од тимот на еден ресторан во Париз (Tout Day), којшто создаде неверојатно сочен десерт од оваа невообичаена состојка.
 Еве што ќе ви биде потребно:
Еве што ќе ви биде потребно:
- 100 г. цели лешници
- 100 г.брашно
- едно мало филџанче со талог од кафе
- 2 лажички меленo кафе
- 100 г. стопен путер
- 100 г. кафеав шеќер
- 2 јајца
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 прстофат сол

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C и печете ги лешниците 10 минути. Потоа, со крпа истријте ги за да ја отстраните лушпата (ако не се веќе излупени) и иситнете ги. Оставете неколку цели за декорација, ако сакате. Измелете ги лушпите од лешник додека не се претворат во прав и оставете ги на страна.Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не побели.
 Додадете го стопениот путер, кафето, талогот од кафе и мелените лушпи од лешник. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво, прстофат сол и на крај иситнетите (или сомелени) лешници.Истурете ја смесата во намачкан со путер калап. Одозгора декорирајте со неколку цели или искршени лешници. Печете 30 до 40 минути, во зависност од големината на калапот. Проверете дали е готово со врвот на нож.

Добар апетит.
 
				 Macedonian
Macedonian				 English
English