Љубителите на чиа пудинг веќе сигурно имаат пробано повеќе варијанти од овој здрав појадок. Од големиот избор на намирници, за денес одбравме чиа со боровинки.
Здрав, вкусен и хранлив оброк којшто е одличен за почеток на денот. Овој чиа пудинг содржи протеини и многу влакна, додека нивото на шеќери е минимално.
Состојки
- 700ml бадемово млеко (може и други варијанти)
- 200g смрзнати боровници
- две дози протеински прав од ванила
- 130 грама чиа семки
- бадемов путер (може и друга опција)
Подготовка
Во блендер ставетете го млекото, боровинките и протеинскиот прав и блендирајте се додека не добиете еднолична смеса.
Во сад ставете ги чиа семките заедно со смесата и се добро измешајте. По некое време промешајте пак.
Сервирајте го пудсо путер од бадем (или она што се одбрале) а можете да декорирате со боровници, јагоди, капини, јаткасти плодови…