Во недела модна ревија на ЕЛЕНА ЛУКА посветена на хероините кои го победија ракот

Под мотото „Во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот“ во недела во Младинскиот културен центар ќе се одржи ексклузивна модна ревија, на ЕЛЕНА ЛУКА на која модели ќе бидат инспиративни жени кои ја добиле битката со карциномот.

Модната ревија која се реализира во соработка со  ХЕМА-ОНКО и Словачката Амбасада во Скопје ќе биде вистинска прослава на животот, храброста и убавината на жените кои се соочиле со еден од најтешките животни предизвици.

ЕЛЕНА ЛУКА има чест да биде ко-организатор на оваа модна ревија на која моделите не се само презентери на свечени тоалети, туку хероини кои покажуваат дека и во најтешките моменти може да се пронајде сила.

Нивниот пример покажува дека жената може да се избори со најтешките предизвици и дека љубовта и поддршката кои можеме да си ги дадеме едни на други во животот се од круцијално значење.

На оваа уникатна ревија, ќе имате можност да видите повеќе свечени тоалети од ЕЛЕНА ЛУКА, секоја креиеана со посебна љубов и посветеност и презентирана од жени кои треба да бидат инспирација за секој од нас.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian