Оскаровската вечер е гламурозно доживување, ноќ што се чека со месеци. Но, забавата не завршува по прогласувањето на победниците.
На холивудскиот крем му се приклучуваат голем број на спортисти, дизајнери, музички ѕвезди, модели, бизнисмени на заедничкo after-party дружење организирано од Vanity Fair.
Пост-оскаровската прослава се случува традиционално по официјалната церемонија, а познатите одбираат поопуштен изглед.
Така беше и овојпат, ѕвездите се појавија во малку поинакво издание, секако задржувајќи го гламурот и елеганцијата во чест на престижната манифестација.
Многу светкави креации што ја следат линијата на телото и доминација на неутралната палета беа елементите што го одбележаа овој црвен тепих.
Vanity Fair стави јаготка на филмскиот шлаг и ја заокружи сезоната на награди.
Фото: Getty