Kвалитетниот доручек е темел за енергија, концентрација и добро расположение. Токму затоа е важно да одберете оброк кој ќе ве држи сити подолго и ќе ви обезбеди хранливи состојки потребни за активен ден. Еден од најдобрите избори е чиа пудинг со овошје и јатки – лесен за подготовка, богат со растителни влакна, протеини и здрави масти.
Состојки:
- 3 лажици чиа семе
- 200 мл бадемово или кокосово млеко
- 1 лажица мед или јаворов сируп
- ½ лажичка ванила екстракт
- 1 банана или ½ чаша шумско овошје
- 1 лажица сечкани ореви или бадеми
Подготовка:
- Во тегла или чаша измешајте го чиа семето со растителното млеко, медот и ванилата.
- Добро промешајте и оставете го во фрижидер најмалку 4 часа (најдобро преку ноќ).
- Пред сервирање, додадете свежо овошје и јатки за дополнителна хранливост и вкус.
Чиа пудингот не само што е вкусен, туку е и исклучително хранлив. Омега-3 масните киселини помагаат во одржување на здравјето на срцето, влакната придонесуваат за добра дигестија, а комбинацијата на јатки и овошје обезбедува природна енергија без нагли скокови на шеќерот во крвта.
Започнете го денот со овој хранлив доручек и почуствувајте ја разликата.