Кога ќе се спојат модната и гастрономската сцена резултатот ретко разочарува.
Токму такво нешто направи Zara отворајќи ја својата прва слаткарница во светот.
Како локација брендот го одбра сончевиот Лисабон, каде што од неодамна се наоѓа и втората по големина Zara продавница.
За оние кои не знаат најголемата се наоѓа во Ротердам, Холандија, а брендот поседува и кафуле за чијашто локација лани беше одбран Дубаи.
Фокусот на слаткарницата во Лисабон е португалскиот специјалитет наречен pasteis de nata, но има и други видови на колачи, а се служи и кафе.
Овие слатки задоволства имаат долга традиција во Португалија, а се одликуваат со крцкава кора, во која се наоѓа сладок крем од жолчки и цимет.
Па, доколку патот во однесе во Лисабон, освен со шопинг можете да се почестите и со десерт од првата слаткарницата на брендот.
Фото: Instagram