Жакемус за претставување на својата најнова колекција го одбра Версај како потсетник на неговото дество и животот на село.
Колекцијата наречена “Le Paysan” беше исто така посветена и на неговата баба, првите обиди за креирање преку облека направена од бели завеси.
Едноставните линии, земјените тонови, монохроматските комбинации од материјали како лен, памук, тул создадоа чувство на свежина и леснотија.
Помеѓу гостите се најдоа и познати лица како Метју Меконахи со сопругата Камила, Летиција Каста, Ема Робертс, додека на пистата чекореа и некои од најпознатите модели како Наталија Водјанова и Дева Касел.
Сепак и покрај едноставноста колекција ја одликуваа и силни форми, а беше дадено големо внимание и на деталите.